Најдобриот шахист на денешницата, Норвежанецот Магнус Карлсен, по 7-ми пат ја освои светската титула во „Блиц“ во машка конкуренција. На турнирот во Самарканд, Узбекистан, светскиот шахист број 1, собра 16 бода од можни 21, а вторпат по ред и петти на последните шест светски првенства стигна до златото.
Дополнително, 33-годишниот Карлсен стидна и до двојна круна откако во четвртокот ја обезбеди титулата и во брзопотезен шах.
На двата турнири Норвежанецот дозволи само еден пораз. Единствениот кој успеа да го победи беше светскиот шампион од 2021 година, Французинот Максим Вашие-Лаграв.