Милан повторно се мачеше, Пулишиќ јунак (ВИДЕО)

112

Фудбалерите на Милан успеаја да постигнат еден гол и со тоа да слават против Сасуоло со 1:0 во 18. коло од Серија А.

Милан беше фаворит, создаваше шанси во текот на мечот, но на крајот победи со само еден гол. Кристијан Пулишиќ го постигна победничкиот гол за својот тим. Во 59. минута го матираше голманот на гостинската екипа.

Резултатот не се промени до крајот, а Милан забележа многу важна победа на домашен терен.

„Росонерите“ се зацврстија на третото место со 36 освоени бода, имаат минус девет бода зад лидерот Интер.

ПретходноМагнус Карлсен ја потврди класата: Нова двојна светска титула за Норвежанецот
СледноДебакл на Манчестер Јунајтед за крај на годината