Најде оправдување за срамниот пораз: Тен Хаг е „кралот“ на изговорите

3181

Во 20. коло од Премиер-лигата, Манчестер Јунајтед гостуваше кај Нотингем Форест и доживеа дебакл, не резултатски, но со оглед на името и моменталната состојба на противникот, може да се опише на таков начин. Крајниот резултат беше 2:1 во корист на тимот кој се бори за опстанок.

По натпреварот свој коментар даде тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг. Неговите изговори се повреди, менување тимови.

„Јасно е дека резултатот е многу разочарувачки. Создадовме помалку шанси пред паузата. Второто полувреме беше подобро. Загубивме со еден гол разлика. Имавме свои шанси, во вториот дел игравме подобар фудбал, Продолживме да веруваме и да се трудиме до крајот, но секако кога резултатот е ваков, разочарани сме“, изјави Ерик Тен Хаг, а потоа продолжи:

„Не игравме со истиот тим (како на последниот натпревар). Моравме да се прегрупираме. Тоа не ни помага и објаснува зошто тимот е толку непостојан“, додаде тој.

На прашањето која беше главната причина за лошите резултати, Тен Хаг имаше интересен одговор.

“Повредите. Има некои други проблеми, но главно повредите се она што не кочи. Во јануари имаме многу играчи кои се враќаат, така што нашето ниво може да биде повисоко”.

ПретходноЕкс-вардарец ја напушти репрезентацијата откако го скрши носот
СледноЈувентус го искористи киксот на Интер и дојде на два бода (ВИДЕО)