Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс со победа ја затворија 2023 година. На гостувањето кај Нижни Новгород, актуелниот првак во ВТБ-лигата славеше со 61-70.
Најдобриот македонски кошаркар за годината што изминува беше стрелец на 13 поени и пет асистенции.
Нено и на оваа средба беше главниот разигрувач на својот тим, во центарот на се најде една негова асистенција. Ваквите додавања почесто ги гледаме во НБА-лига.
View this post on Instagram