Кристијано Роналдо на почетокот на годината потпиша за Ал-Наср и неговото заминување во Саудиска Арабија збуни и разочара многумина, но и на Блискиот Исток покажа дека е едноставно посебен играч.
На крајот постигна дури 54 гола во годината, тој е најдобар стрелец во светот на фудбалот во 2023 година. Зад себе го остави Килијан Мбапе, кој постигна 52 гола, колку што има и Хари Кејн, додека Ерлинг Халанд остана на 52 гола.
Роналдо го постигна последниот во серијата голови вечерва во победата на Ал Наср на гости против Ал Тавон. Тој постигна гол со глава во 92. минута за конечни 4:1 и тоа беше негов 873. гол во кариерата.
🚨🚨| GOAL: Ronaldo scores for Al Nassr
Al Taawoun 1-4 Al Nassr
— CentreGoals. (@centregoals) December 30, 2023