Турските медиуми открија колку пари Саудијците издвоиле за да се одигра мечот од Суперкупот на Турција.
Саудијците сакале да го организираат и Суперкупот помеѓу Фенербахче и Галатасарај, спектакл за навивачите, но мечот беше откажан затоа што организаторот не дозволил играчите да носат маички со ликот на Мустафа Кемал Ататурк во знак на одбележување на 100 години од Република Турција.
Фудбалерите одбиле да излезат на теренот по забраната на Саудијците. Мечот е откажан по неколку часовна драма и донесена е конечна одлука.
Скапо ќе ги чини Турците тоа што одбиле да го одиграат мечот. Цифрата која се споменува е 40 милиони долари. Фудбалскиот сојуз на Турција сакал мечот да се одигра, и покрај инсистирањето тоа не се случило.
Не е познато каква казна ќе биде за Турците и што Саудијците можат да направат. Сосема сигурно е дека ќе мора да исплатат отштета од 40 милиони долари кои Саудијците ги издвоиле за одигрување на мечот.