Селтик го доби и второто сезонско „Олд Фирм Дерби“ откако со 2:1 славеше над Ренџерс на „Селтик Парк“ во големото дерби од 21. коло на шкотската Премиер лига. „Келтите“ ја прекинаа серијата на „сините“ од 17 натпревари без пораз и ја зголемија предноста на врвот на осум бода. Ова значи дека дури и ако Ренџерс победи на двата меча што ги има за доигрување, тие не можат да го симнат Селтик од првото место.
Инаку, денеска победа на шампионите им донесоа Пауло Бернардо (25′) и Кјого Фурухаши (47′). Фудбалерите на Ренџерс имаа добри шанси, главно во првото полувреме, но не реализираа ниту една.
Како и на првото издание на дербито на сезоната, така и денеска немаше гостински навивачи.