Синдикатот на фудбалерите во Англија најави дека ќе преземе правни мерки поради зголемувањето на бројот на натпревари во една календарска година.
Откако претходно се дозна дека во 2025 година Светското клупско првенство ќе трае еден месец поради учество на 32 клуба, некои играчи ќе излезе дека ќе мора да одиграат повеќе од 80 натпревари во една сезона.
„Скај Спортс“ забележува дека максималниот број на натпревари што играчите на Манчестер Сити можат да ги играат во сезоната 2024/25 е 86. Тоа ќе се случи под услов „граѓаните“ да ги играат до крај на сите турнири на кои учествуваат.
Првиот човек на Здружението на англиски професионални фудбалери, Махета Моланго изјави дека организацијата ќе поведе судски спор.
„Чувствувам дека дојдовме до фаза кога луѓето се подготвени да преземат правни мерки, каде што се подготвени да преземат вистински активности на терен за да се обидат да го решат овој проблем, бидејќи оваа состојба е неверојатна. Верувам дека фудбалот губи кога играчите треба да го земат законот во свои раце бидејќи не се чувствуваат заштитени. Мислам дека фудбалските власти, кои треба да ги штитат играчите и да ја штитат играта, не го прават тоа. Тие создаваат повеќе натпревари за да заработат повеќе пари на штета на играчите“, рече Моланго.