Жалгирис со Тринкиери на клупата

78

Поразот од Макаби во четвртокот значеше и отказ за тренерот на Жалгирис, Казис Максвитис, а овојпат не го сочуваа неговите играчи. Тој требаше и претходно да биде сменет, но тогаш играчите го спасија, но сега не.
А литванскиот великан утринава го објави новиот тренер – во Каунас доаѓа италијанскиот стратег Андреа Тринкиери.
Тој беше поврзуван со клупата на Фенербахче, а потоа турскиот клуб го ангажираше Шарунас Јасикевичиус. Па така Тринкиери потпиша една и пол година договор со Жалгирис.
Тој е поранешен тренер на Баерн, Партизан, Бросе Бамберг, Уникс, Вероли и селектор на Грција.
Жалгирис е во серија од шест порази во Евролигата, има скор 5-12 во долниот дел од табелата.

ПретходноПочнува бунтот: Фудбалерите повеќе не можат да го издржат притисокот!
СледноПочина Енвер Сулејмани, долгогодишен фудбалски работник!