Крај на една ера во Тотенхем. Искусниот француски голман Уго Лорис ги смени клупските бои. По 11 години поминати во Тотенхем, поранешниот репрезентативец одлучи да го напушти Лондон и да замине во ФК Лос Анџелес во МЛС лигата.
Лорис беше осум години капитен на „спарси“, одигра 447 мечеви во сите натпреварувања и има статус на легенда. Сепак, под раководство на новиот тренер не е во плановите, па договорот е раскинат на обострано задоволство иако тој имаше договор до јуни 2024 година. 37-годишниот Лорис од понеделник ќе стане член на ФК Лос Анџелес.
Претходно Лорис одбил понуди од Лацио, Ница и од клубови од Саудиска Арабија. Пред Тотенхем бранеше за Лион.