Митревски задоволен: Црна Гора и без двајца-тројца играчи е силна   

259

Македонската ракометна репрезентација е на пат кон Скопје. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ја одработија првата фаза од подготовките за настап на ЕП 2024, истата ја крунисаа со победа над Црна Гора.

Ракометарите ќе продолжат со тренинзи на втори јануари, пред заминувањето за Германија ќе одиграат уште две контролни средби против Грција на домашен терен (4 и 5 јануари).

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски направи краток осверт на првиот дел од подготовките за Европското првенство 2024 година.

„Овие осум-девет дена беа малку понапорни, се работеше на физичка и тактичка подготовка. Тренинзите беа напорни, сите го дававме својот максимум, бевме уморни, но најважно атмосферата беше на високо ниво, имаше простор и за дружење, заеднички игри и малку релаксација.

После двата тренинг натпревари помеѓу нас, одигравме  натпревар против Црна Гора, резултатот беше во втор план, ние се прикажавме во добро светло, игравме сите. Иако бевме малку уморни, успеавме да им дадеме многу голови, да трчаме, да постигнуваме голови од транзиција и да победиме една репрезентација како што е Црна Гора. Иако беше без двајца-тројца играчи, сепак има многу други ракометари кои играат во најдобрите лиги и имаат големо интернационално искуство“.

Македонија на ЕП 2024 ќе има тешка задача ќе игра против Франција, Германија и Швајцарија.

ПретходноЧелзи водеше со 0:3, па на крајот едвај успеа да ја обезбеди победата кај Лутон
СледноСелтик и вторпат подобар од Ренџерс на „Олд Фирм дербито“