Ненадејно почина Енвер Сулејмани, кој беше познат фудбалски работник. Со своето знаење и искуство, тој беше дел од градењето на Шкендија во деведесетите години од минатиот век. Беше дел дел од раководните структури на Ренова од нејзините златни времиња, а во последно време беше и дикректор во ФК Воска од Охрид. Исто така беше дел од Фудбалската федерација на Македонија пред неколку години како заменик генерален секретар на ФФМ, од каде што и се пензионира.
Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот на градските гробишта во Тетово.