Челзи водеше со 0:3, па на крајот едвај успеа да ја обезбеди победата кај Лутон

121

На отворањето на 20. коло во англиската Премиер лига, екипите на Лутон Таун и лондонски Челзи понудија атрактивен и докрај неизвесен меч, иако гостите имаа висока предност од 0:3, но на крајот од петни жили се бореа да ја задржат победата.

Во 12. минута од натпреварот, Кол Палмер го отвори резултатот и го доведе својот тим во водство од 0:1 (ВИДЕО). Во 37. минута Нони Мадуке по додавање на Палмер ја зголеми предноста на гостите, и со тој резултат се отиде на пауза (ВИДЕО).

Во вториот дел, во 70. минута, Кол Палмер постигна втор гол, со што резултатот беше веќе 0:3 (ВИДЕО) и го најави Челзи како победник. Сепак, Лутон не се предаде.

Во 80. минута Рос Баркли погоди за 1:3 (ВИДЕО), а само седум минути подоцна Адебајо постигна уште еден гол, поставувајќи го конечниот резултат на средбата – 2:3 (ВИДЕО).

Лутон Таун се наоѓа на 18-то место во поредокот со 15 бодови, додека Челзи е на 10. позиција.

ПретходноЃоковиќ и Бајлс се спортисти на годината според спортските новинари
СледноМитревски задоволен: Црна Гора и без двајца-тројца играчи е силна