Арсенал поразен на „Крејвен котиџ“, Тотенхем лесно против Борнмут

161

Екипата на Арсенал го доживеа вториот пораз по ред, а четврти сезонава откако во последниот меч за 2023 година, а во рамките на 20.коло загуби на гости кај Фулам со 2:1. По поразот од Вест Хем и сега од Фулам, „топчиите“ се на четвртото место со 40 бода исто колку и Манчестер Сити кој има 19 меча. Лидерот Ливерпул има два повеќе од нив.
Арсенал поведе со голот на Букајо Сака во 5.минута, а изедначи Раул Хименез во 29 минута.
Во 60 минута по една мешаница Боби Де Кордова-Рид ја смести топката во мрежата за триумф на Фулам.


А на „Вајт Харт Лејн“ Тотенхем го победи Борнмут со 3:1. Во првото полувреме Сар ја начна мрежата на гостите И потоа овој фудбалер излезе од игра во солзи поради тоа што се повреди и ќе го пропушти Африканскиот куп. Во вториот дел Сон и Ришарлисон зголемија на три разлика, а поразот на Борнмут го „ублажи“ Алекс Скот во 84 минута.
Тотенхем е на петтата позиција.
На 1 јануари од 21:00 часот ќе играат Ливерпул и Њукасл, а на 2 јануари Вест Хем и Брајтон.

 

ПретходноЅвездата на Астон Вила се посрамоти: Во квиз едвај наброи ДЕВЕТ европски држави!
СледноЕден од најдобрите атлетичари пронајден мртов во својот автомобил