Знаете ли колку заработуваат маскотите во НБА лигата?

964

Американската кошаркарска лига е вистински спектакл, не попусто е еден од најпосетуван спорт во државата но и светот. А мечевите се зачинети со разни забави и музика па воопшто не е здодевно.

Маскоти имаат речиси сите франшизи во сите професионални американски лиги, а најмалку заработуваат оние во хокеарската лига НХЛ.
Просечната плата за маскота на хокеарски клуб е меѓу 40 и 70 илјади долари. Во Канада платата е нешто пониска, а таму најплатена е маскотата на Монтреал Канадиенс со годишна плата од 70.000 долари.

Во НФЛ најплатени се маскотите Роуди каубојот и стариот американски војник Пат кои заедно заработуваат по 65.000 долари.

На бејзбол стадионите просечна плата е 60.000 долари годишно, а некои маскоти заработуваат многу повеќе. На пример „Воли – зеленото чудовиште“, заштитниот знак на Бостон Ред Сокс годишно заработува и до 250.000 долари што е пет пати повеќе од просечната плата во САД. А Њујорк Јенкис, една од најславните франшизи во историјата нема маскота.

Во НБА лигата маскоти немаат Лејкерс, Бруклин Нетс, Никси и Голден Стејт Вориорс. А оние што имаат ги плаќаат многу.

На пример Роки – планинскиот лав, маскотата на Денвер Нагетс заработува неверојатни 625.000 долари годишно. Роки е способен да ги засмева гледачите, да даде кош од центар, но и да забие со помош на трамполина.

„Милионер“ е и Хери – соколот, заштитниот знак на Атланта Хокс. Тој годишно заработува и до 600.000 долари, а се истакнува со атрактивни забивања и бројни долги точки што го прави најинтересна маскота.

Една од најстарите маскоти е Бени бикот, маскотата од Чикаго Булс. Бени ги засмејува гледачите со хумористични точки, а може да се види и на хуманитарни настани. Годишната заработка му е 400.000 долари.

ПретходноТурција е на нозе! Претседателот на Фудбалската федерација со срамен потег: “Ајде да им ги земеме парите!“
СледноРоналдо: Цел свет гледа мечеви од С.Арабија, играчите сакаат да играат тука