За време на новогодишниот квиз кој го приреди Астон Вила на своите навивачи, две ѕвезди од клубот се најдоа еден наспроти друг. Мети Кеш и Оли Воткинс се пресметаа еден против друг во квиз во кој за 30 секунди требало да набројат што е можно повеќе држави во Европа.
Прво наддаваа кој колку може да наброи. Воткинс му ја препушти можноста на Кеш кој постави таргет од 13 држави. И не успеа затоа што едвај наброи девет!
Кеш успеа да се сети на Шведска, Полска, Данска, Англија, Шпанија, Шкотска, Северна Ирска, Исланд и Република Ирска. На тоа имаше интересни коментари на социјалните мрежи:
Еден од интересните е: „Овој човек треба да биде среќен што е добар во фудбал“.
this content 😂😂 pic.twitter.com/f3xMSRdS2B
— nat (@natsiobhan_) December 30, 2023