Во Ливерпул не се наигра, во Борнмут експлодира: Соланке е втор стрелец во Премиерлигата!

260

Доминик Соланке е производ на академијата на Челзи. Ги помина сите возрасни категории на лондонскиот клуб со кој стана освојувач на ФА младинскиот куп и младинската Лига на шампиони на УЕФА, светски и европски младински шампион, најдобар млад фудбалер на годината според Англиската фудбалска асоцијација…  Додека беше младинец, го доби дури и прекарот Голанке, поради оа што беше извонреден стрелец.

Кога Жозе Мурињо го внесуваше да игра за првиот тим го најавуваа како голема надеж на „сините“. Но, тогаш Доминик тргна со позајмица во Витесе, а по враќањето во лондонскиот клуб не ја доби довербата од Антонио Конте. Поради тоа, Англичанецот реши да се пресели во Ливерпул. Во летото 2017 година, „црвените“ го земаа играчот бесплатно, како слободен играч.

Соланке делуваше многу храбро, бидејќи во Ливерпул никому не му беше гарантирано место во стартниот состав. Како резултат на тоа, Доминик, по правило, влегуваше на теренот 15-20 минути. Тоа не е чудно, бидејќи во тоа време во Ливерпул беа Садио Мане, Роберто Фирмино и Мохамед Салах. Како резултат на тоа, за година и пол Соланке одигра само 27 натпревари, вкупно 726 минути и состави скромна статистика: еден гол и една асистенција.

На почетокот на 2019 година, Ливерпул го испрати во Борнмут. Ова не беше позајмица, туку целосен трансфер. Сумата беше изненадувачка – 21,2 милиони евра. Пристојни пари, ако се земе предвид колку ретко Соланке се појавуваше на теренот. До крајот на сезоната 2018/2019 Доминик одигра 10 натпревари за Борнмут и не постигна ниту еден гол.

Првите успеси со Борнмут беа во сезоната 2020/2021. Во тоа време тимот веќе играше во Чемпионшип, а на 40 натпревари, Доминик постигна 15 гола и 11 асистенции. Новата сезона во Чемпионшип испадна уште подобра – 29 гола + 7 асистенции во 46 натпревари. Овој настап на Англичанецот му помогна на Борнмут да си го врати местото во елитната дивизија.

Сезоната 2023/2024 Соланке ја почна како никоја досега. Едноставно експлодира. Тој досега има 12 гола на 18 натпревари во Премиер лигата што во моментов, го става на делба на второто место на листата на најдобри стрелци во шампионатот со Мохамед Салах од Ливерпул. Пред нивсо повеќе постигнати голови е само напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кој постигна 14 гола.

Доколку продолжи во истиот стил сигурно ќе ја пробие границата од 20 гола.

ПретходноЛука Дончиќ „наседна“ на финтата на Стеф Кари (ВИДЕО)
СледноТрадицијата продолжува: 12 години по ред е единствената репрезентација која е на големите натпреварувања!