Кошаркарите на Далас Маверикс на гостински терен го победија Голден Стејт со 132:122, а Лука Дончиќ одигра уште еден спектакуларен натпревар и на најдобар можен начин ја заврши 2023 година.
Од почетокот натпреварот беше израмнет, но Далас успеа да дојде до предност веќе во првиот дел, водеше со 34:26, водство кое не го испушти до самиот крај.
Стеф Кари и Лука Дончиќ на крајот имаа вистинска битка, а победата во секоја смисла ја извојува Словенецот кој по којзнае кој пат со својата игра го воодушеви кошаркарскиот свет.
На крајот, Дончиќ го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок, кој успеа да постигне дури 39 поени и да додаде десет асистенции, а забележа и осум скока.
Словенецот влезе во историјата на НБА бидејќи стана само вториот кошаркар кој забележал 35+ поени, 8+ скока и 10+ асистенции во просек во текот на еден месец (минимум десет натпревари). Пред него тоа го имаше направено само Оскар Робертсон, исто така во декември, но во далечната 1960 година.
Luka Doncic is the second player in NBA history to average 35+ PPG, 8+ RPG, and 10+ APG in a month (min. 10 games).
He joins Oscar Robertson, who did so in Dec. 1960. pic.twitter.com/mFEjJ7vY1o
— NBA History (@NBAHistory) December 31, 2023
На другата страна Кари застана на 25 поени, а успеа да додаде уште седум асистенции и два скока и не можеше да го издржи неверојатното темпо на Дончиќ.
На останатите средби, Детроит славеше против Торонто со 129-127, Индијана беше подобра од Њујорк со 140-126, Чикаго ја победи Филаделфија со 105-92, Лејкерси беа поразени кај Минесота со 108-106.