Еден од најдобрите атлетичари пронајден мртов во својот автомобил

978

Еден од најдобрите светски атлетичари Бенџамин Киплагат е пронајден мртов во неговата родна Кенија.

Според полицијата, како што пренесува „France24.com“, Киплагат бил пронајден во автомобил со убодна рана во вратот.

Се уште не е потврдено, но се верува дека бил нападнат и избоден до смрт.

Киплагат е Кениец по раѓање, но ја претставуваше Уганда на 3.000 метри стиплчез. Настапи на неколку Олимписки игри и Светски првенства.

„Започната е истрага, а полициските службеници се на терен и го истражуваат случајот “, рече полицискиот командант на Елдорет, Стивен Окал.

ПретходноАрсенал поразен на „Крејвен котиџ“, Тотенхем лесно против Борнмут
СледноСрпски репрезентативец е наследникот на Елмас во Наполи