Меси му донесе богатство на соседот: Цената на неговата куќа сега е поголема за 25 милиони долари

3205

Лионел Меси е фудбалска суперѕвезда во текот на неговата кариера и еден од неколкуте најголеми фудбалски брендови. Во однос на популарноста, на овој или оној начин, само Кристијано Роналдо и Нејмар се споредливи со него. Тој статус дојде до израз особено откако потпиша за Интер Мајами и се пресели во тој американски град.

По пристигнувањето во САД, Меси изнајмил стан вреден 9 милиони долари, а потоа по неколку месеци ја нашол идеалната куќа за своето семејство и ја купил за 10,75 милиони долари. Станува збор за вила на брегот на Форт Лодердејл. Имотот е 3.200 квадратни метри, а вилата има 10 спални соби, две пристаништа за чамци и базен.

Колку е силен Меси како бренд најдобро говори податокот дека од неговото доаѓање во Форт Лодердејл најмногу профитирал неговиот прв сосед, американскиот претприемач Патрик Бет-Дејвид.

“Меси се пресели веднаш до мојата куќа. Сега сите сакаат да купат куќа во оваа област. Ние сме затворена заедница на островот, има само еден влез. Ние сме многу безбедна заедница, се надевам дека така ќе остане,” изјави Дејвид изјави за американските медиуми, а потоа додаде:

„Откако е Меси тука, секогаш има чамци со странци кои доаѓаат да ги разгледаат куќите. Досега, според денешните цени, цената на мојата куќа е зголемена за околу 25 милиони долари. Сите сакаат да живеат овде“.

ПретходноЈувентус го искористи киксот на Интер и дојде на два бода (ВИДЕО)
СледноДончиќ со историска партија која НБА-лига ја чекаше 63 години (ВИДЕО)