Мурињо: Луѓето треба да го почитуваат она што го правиме со Рома во овие услови

454

Во последниот натпревар од 18. коло во италијанската Серија А, фудбалерите на Јувентус освоија три домашни бода совладувајќи ја Рома со минимални 1:0. Со ова Јувентус го искористи ремито на Интер од претходниот ден и сега торинскиот тим заостанува само два бода зад лидерот Интер. Рома остана седма на рангирањето.

По дуелот, Жозе Мурињо жали што не ги искористиле своите шанси во првото полувреме, истовремено испрати порака до фановите.

“Разочаран сум бидејќи на полувремето отидовме со 0:0, а имавме многу добри шанси. Не постигнавме гол, а несреќно примивме. После се беше многу потешко. Задоволен сум од лицето и карактерот што го покажавме. Луѓето треба повеќе да го почитуваат тоа што го прави Рома. Она што го правиме во овие услови е чудесно“, рече Мурињо.

ПретходноДончиќ со историска партија која НБА-лига ја чекаше 63 години (ВИДЕО)
СледноНа Ѓоковиќ му беше поставено незгодно прашање, но снаодливо успеа да се извлече!