Новогодишно интервју со Столе Димитриевски: Јас сум горд Македонец, од срце ја пеам химната, ми годи интересот од Реал и Барса!

7096

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Столе Димитриевски пред некој ден наполни 30 години. Важи за голема ѕвезда во Ла Лига, таму е еден од најдобрите голмани. Клучен фактор на својот тим Рајо Ваљекано. Веќе неколку години е чувар на голот на нашата репрезентација, стигна до бројка од 66 настапи. Веројатно најдобар голман кој што сме го имале во самостојна Македонија.

Знае и тоа како со своите одбрани да ја дигне атмосферата во репрезентацијата, почитуван од фановите. Човек и голман од доверба.

Токму затоа “СпортСпорт“ се одлучи со него да направи Новогодишно интервју, но по малку необично. Тука се споменува и муралот во Куманово, сармата на неговата баба, потоа збор – два и за модата, филмот, секако и за тоа колку е горд кога ја пее химната пред секој меч на Македонија.May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

-Пред околу две години осамна мурал во твоето Куманово?

Секако дека сум пресреќен што има мој мурал направен во моето Куманово. Им се заблагодарив на сите, секако. Кога сум во Куманово се чувствувам прекрасно. Среќен сум што сите фанови, обични луѓе, сите млади кои го сакаат фудбалот и кои сакаат еден ден да станат фудбалери, имаат голем респект кон мене. Убаво е тоа чувство, за секого, па и за мене. И затоа секогаш велам дека Куманово е мојот град, а јас сум негов“.

ЗА РЕАЛ И БАРСА, САРМАТА НА НЕГОВАТА БАБА, ОМИЛЕН ФИЛМ, КНИГА, ПЕСНА, РАБОТНИЧКИ, ЗА ШИШКО…

-Реал или Барса? Годи ли интересот од овие гиганти за тебе? Во 2023 година во неколку наврати се споменуваше и твој трансфер во тие клубови.

Кој не би бил среќен кога од такви гиганти имало интерес за тебе. Најискрено сум пресреќен, и по ова се гледа дека можам да кажам дека сум успеал во фудбалот“.

-Омилено јадење, филм, книга, песна, пејач/пејачка..

Уф, да…сармата на мојата баба. Тоа е моето омилено јадење, тука нема дилеми. Кога сме кај филмот или серии по мој кејф е „La Casa de Papel“. За книга тогаш тоа е “Историјата на Ибрахимовиќ“, потоа за песна било која од Еминем, а пејач Тревис Скот.

-За кого навиваш во ПМФЛ?

Нормално, навивам за Работнички во ПМФЛ. Никогаш нема да заборавам каде се афирмирав како голман, кој ми даде шанса. Тоа никогаш не се заборава. Затоа Работнички, се радувам на секој успех на овој клуб“.No photo description available.

-Кој ти е цимер во репрезентацијата, најголем пријател, кој е задолжен за шеги и досетки?

Дефинитивно Дамјан Шишковски, тука е и Игор Алексовски. Ние тројца голмани сме тука заедно во репрезентацијата. За шеги,….да, повторно Шишковски“.No photo description available.

-Познат си по тоа дека сакаш модерно да се облекуваш, да не кажеме екстравагантно. Твојот омилен бренд е ?

Тоа ми е слабост. Сакам да се облечам модерно, својствено на мојот стил на живот или карактер. Има свои фаворити од брендовите, покрај другите тука да го истакнам „Supreme“.

ДО КОГА ВО РАЈО, ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ СЕ СПОМЕНУВА ТВОЈ ТРАНСФЕР ВО СЕВИЉА ИЛИ ВИЉАРЕАЛ

-До кога во Рајо? Ќе прифатиш ли некоја понуда како оние на Севиља или Виљареал?

Имам договор до јуни со Рајо Ваљекано. Реално има опции да останам во овој клуб или да продолжам во некој друг клуб. Сепак, во моментов сум фокусиран само на Рајо“.

-Посакуваш ли барем уште еднаш да браниш за Македонија на едно ЕП или СП?

Апсолутно, кој не би сакал. Игравме на ЕП, а на чекор бевме до пласман на СП во Катар. Целта е на следните квалификации на СП и на ЕП да бидеме успешни и ако може уште неколку пати да играм на најголемите фудбалски натпреварување од репрезентативен карактер. Тоа е и моја цел и моја желба. Знам како е да играш на ЕП, тоа сум го почувствувал и тоа е прекрасно чувство. И за нас, но и за Македонија, како и за македонскиот народ“.No photo description available.

ОД СРЦЕ ЈА ПЕАМ ХИМНАТА, ЈАС СУМ ГОРД МАКЕДОНЕЦ

-Какво е чувството кога ја пееш химната на Македонија пред секој натпревар за нашата репрезентација?

Кога се интонира химната пред секој натпревар јас сум горд. Ја пеам химната со срце. Секогаш сум велел дека иако сум од мала земја се гордеам со нејзе, се гордеам со тоа што сум Македонец, се гордеам со мојата нација, со сите во мојата Македонија. Искрено за мене нема поголемо чувство од тоа да играм, да бранам за македонската репрезентација. За мене секој меч е најважен кога игра Македонија. Јас сум пресреќен што имам чест да бидам дел од репрезентацијата. Сакам мене да ме паметат и да бидат горди сите на мене, од моето семејство до сите што се во Македонија. И кога ја пеам `Денес над Македонија…` тоа го правам за мене, но и за мојот народ и нашата нација и држава“.

-Што си посакуваш во Новата 2024 година?

Јас би си посакал здравје за мене, за мои најблиски, моите сакани. Секако и за сите само здравје и љубов“.

-Порака за нашите читатели за Новата 2024 година?

Само да има мир и љубов. Останатото се ќе се исполни според желбите и можностите“.

ПретходноДа се потсетиме: Магичните голови на Елмас и Барди со Украина и Италија! (ВИДЕО)
СледноНасловната на “Марка“: Новак е КРАЛОТ на 2023! (ФОТО)