Роналдо: Цел свет гледа мечеви од С.Арабија, играчите сакаат да играат тука

929

Кристијано Роналдо, ѕвездата на Ал Наср зборуваше за популарноста на фудбалската лига на Саудиска Арабија и сериозноста на организаторите оваа лига во иднина да стане Топ 5 во светот.
Јас еднаш кажав дека лигата на Саудиска Арабија има потенцијал да биде меѓу Топ 5 во светот. Сега многу луѓе ги гледаат натпреварите од ова првенство. Се радувам што дојдов тука. Знам дека никој не ми верува во зборовите, но не ми е ни грижа. Најважно е што првенството расте, фудбалерите сакаат да дојдат тука бидејќи почнуваат да сфаќаат колку е шампионатот сериозен.
Цел свет гледа натпревари од првенството на С.Арабија. И тоа е добро. Сакам да продолжам да играм тука. Кој и да дојде овде е добредојден и ќе биде добро прифатен. Ви го гарантирам тоа“, изјави напаѓачот на Ал Наср.

ПретходноЗнаете ли колку заработуваат маскотите во НБА лигата?
СледноЅвездата на Астон Вила се посрамоти: Во квиз едвај наброи ДЕВЕТ европски држави!