Светски шампион осомничен за убиство на сопругата

445

Австралискиот велосипедист Роан Денис е осомничен за убиство на својата сопруга Мелиса Хоскинс. Според австралиските медиуми Денис со автомобил ја прегазил сопругата во близина на нивниот дом во Аделаиде.
Хоскинс починала во болница како последица на повредите. Денис е ослободен со кауција, но ќе мора да се одговара пред судот на 13 март.
Хоскинс е светски велосипедски шампион во тимска конкуренција. Денис е освојувач на олимписки медал во друмски велосипедизам и двоен светски шампион. Има и етапни победи на Тур де Франс, Вуелта, Џиро…

ПретходноСрпски репрезентативец е наследникот на Елмас во Наполи
СледноОсвои тројна круна со Сити, сега е топ-стрелец во Челзи, ама не знае да свари јајце, ниту да вклучи машина за перење!