Наполи го продаде македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас на РБ Лајпциг, а на негово место пикира нов играч. Се работи за српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ кој доаѓа од екипата на Удинезе. Според Фабрицио Романо и неколку италијански медиуми, Наполи и агентите на Самарџиќ се договориле околу условите, а блиску е и договор меѓу клубовите што значи дека наскоро Србинот ќе се пресели на стадионот „Диего Марадона“.
Инаку овој офанзивен играч од средниот ред летоска беше блиску до Интер меѓутоа „нероаѕурите“ се откажаа поради високата плата. Инаку оваа езона Самарџиќ одигра 17 натпревари со ефект од два гола и две асистенции. Инаку тој е роден во Берлин, почнал во Херта, а играл и за РБ Лајпциг. Во Удинезе се пресели во 2021 година. За Србија има пет натпревари.
Наполи ќе се обиде да го донесе и Пјер Емил Хојберг од Тотенхем како засилување во дефанзивниот ред за врска (позајмица со опција за откуп) поради отсуството на Ангуиса на Африканскиот куп и заминувањата на Диего Деме и Џанлука Гаетано.