Традицијата продолжува: 12 години по ред е единствената репрезентација која е на големите натпреварувања!

2745

Македонската ракометна репрезентација ќе биде првиот национален тим кој ќе настапи во 2024 годината. Веќе со години (12 години по ред), ракометарите се дел од големите натпреварувања и се единствени во тоа.

„Црвено-жолтите“ на 10 јануари ја започнуваат својата нова европска авантура, ќе бидат дел од ЕП 2024 година (седмо по ред, вкупно осмо).

Во Германија ги чека тешка задача, ќе играат против два сериозни кандидати за медал, Франција и Германија, како и против Швајцарија, која за разлика од Македонија има ракометари кои се дел од Бундес-лигата и се носители на играта во нивните тимови.

По завршување на првата фаза од подготовките, селекторот, Кирил Лазаров им даде два дена слободни на момците. Македонската ракометна репрезентација со тренинг продолжува на втори јануари, два дена подоцна го игра првиот пријателски меч против Грција во СЦ „Борис Трајковски“, оваа средба е од отворен карактер, следниот ден дуелот ќе биде затворен за јавноста.

Првата средба на ЕП 2024 година, Македонија ја игра на 10. јануари против Франција во Дизелдорф. На 14. јануари е мечот со Германија во Берлин, додека групната фаза ја затвара против Швајцарија два дена подоцна, во истиот град.

ПретходноВо Ливерпул не се наигра, во Борнмут експлодира: Соланке е втор стрелец во Премиерлигата!
СледноШкендија го враќа Гури, во комбинација е и Крстевски од Брера?!