ФК Вардар денеска и официјално, преку своите својот ФБ профил, им се заблагодари на сите во Градот Скопје, поточно на градоначалничката Данела Арсовска и советниците во Собранието на градот за доделената финансиска помош од 200.000 евра.
Соопштението ви го пренесува во целост:
Во името на клубот се заблагодаруваме на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, како и на сите советници кои едногласно ја донесоа и спроведоа одлуката за доделување на финансиска помош за најголемиот фудбалски клуб – ФК Вардар.
Упатуваме благодарност и до нашата верна навивачка група ,,Комити Запад“ која во текот на целиот изминат период, неуморно работеше на реализацијата на донесената одлука.
По сите перипетија, ова е прва голема победа и доказ дека искрената приказна која народот веќе подолг временски период ја создава, станува се повеќе препознатлива и привлечна.
Оваа одлука несомнено ќе влијае позитивно, пред се врз фудбалерите, врз стручниот штаб, но и врз оние кои во моментов ги менаџираат сите работи поврзани со клубот, а кои без разлика на се, ќе продолжат волонтерски да си ги извршуваат своите функции.
Веруваме дека соработката ќе продолжи и во наредниот период и дека ќе биде поттик за сите останати општествени чинители, за да се приклучат кон борбата за клубот на народот.
За крај, би сакале на сите навивачи на клубот, но воедно и на сите граѓани на Република Македонија, да им ја честитаме новата 2024 година. Нека биде победничка за нашиот Вардар, нека биде црвено-црна!
Борбата продолжува