Нема дилеми. Шкендија наголемо се подготвува за зимскиот преоден рок. Покрај Вебстер Роналдо од Брегалница, кој веќе е договорен, трансферена цел се и Синдрит Гури и Ване Крстевски. Интернационалецот од Албанија е некогашен напаѓач на тетовци во сезоната 2021/22 кога остави одличен впечаток. Јасно е дека со неговото враќање Шкендија би добила екстра голгетер.
Исто така во комбинација е и Ване Крстевски од Брера Струмица. Исто така офанзивец, младински репрезентативец и надеж на мак – фудбалот. Крстевски има само 20 година, но важи за еден од најдобрите фудбалери на струмичани.