Ѕвездата на Астон Вила се посрамоти: Во квиз едвај наброи ДЕВЕТ европски држави!

1125

За време на новогодишниот квиз кој го приреди Астон Вила на своите навивачи, две ѕвезди од клубот се најдоа еден наспроти друг. Мети Кеш и Оли Воткинс се пресметаа еден против друг во квиз во кој за 30 секунди требало да набројат што е можно повеќе држави во Европа.
Прво наддаваа кој колку може да наброи. Воткинс му ја препушти можноста на Кеш кој постави таргет од 13 држави. И не успеа затоа што едвај наброи девет!

Кеш успеа да се сети на Шведска, Полска, Данска, Англија, Шпанија, Шкотска, Северна Ирска, Исланд и Република Ирска. На тоа имаше интересни коментари на социјалните мрежи:
Еден од интересните е: „Овој човек треба да биде среќен што е добар во фудбал“.

ПретходноРоналдо: Цел свет гледа мечеви од С.Арабија, играчите сакаат да играат тука
СледноАрсенал поразен на „Крејвен котиџ“, Тотенхем лесно против Борнмут