Годините не се пречка: Кои се најстарите активни фудбалери во Европа?

4435

Границата за играње фудбал на професионално ниво очигледно не завршува неколку години пред влезот во четвртата деценија од животот. Барем за тоа сведочат најмалку петмина се уште активни фудбалски професионалци кои навршија 40 години, а некои имаа и многу повеќе.

Веројатно една од најинтересните приказни за 2023 година се рекордите на дефанзивецот на Порто, Пепе во Лигата на шампионите. Тој стана најстариот играч на турнирот кој настапил на еден меч како фудбалер, а постигна и гол со што стана највозрасниот стрелец во историјата на турнирот. Но, Португалецот е далеку од некои други активни професионални фудбалери, кои се уште ја тркалаат топката по тревата.

Казујоши Миура (Јапонија, Оливеиренсе, 56 години)

Неверојатниот Јапонец, Казујоши Миура во мометов го држи светскиот рекорд на највозрасен активен професионален фудбалер. Ветеранот се уште настапува во втората лига на Португалија и одигра шест минути во сите натпреварувања оваа сезона. Ова за него е 38-ма сезона во кариерата, но сигурно не и последна.

„Се надевам дека ќе можам да играм до 60 години. Ова е целта со која сум опседнат и работам на тоа“, вели Јапонецот.

Георги Петков (Бугарија, Славија Софија, 47 години)

Најстариот фудбалер во историјата на Бугарија кој се уште е во копачки е Георги Петков. Во 2007 година за Петков беа заинтересирани московски Спартак и Амкар, но тој остана во татковината, а две години подоцна замина на Кипар. Во 2012 година заврши во Славија Софија, каде што игра и денес, но пред една година можеше да се откаже од фудбалот откако изгуби свест за време на натпревар. Сепак, и по оваа незгода тој се уште го носи дресот на Славија.

Драган Јоловиќ (Босна, Алфа Модрича, 47 години)

Драган е легенда на босански Текстилац, клуб за кој играше 20 години, но летово побара да му се приклучи на тимот од првата лига на Република Српска, Алфа Модрича, каде што некогаш и ја почна кариерата. Јоловиќ е еден од ретките кој редовно стартува и оваа сеозна веќе одигра 16 натпревари, па дури и даде еден гол.

ПретходноОсвои тројна круна со Сити, сега е топ-стрелец во Челзи, ама не знае да свари јајце, ниту да вклучи машина за перење!
СледноШто читавме на „СпортСпорт“: ТОП 10 најчитани текстови во 2023 година!