Еден од најдобрите светски атлетичари Бенџамин Киплагат е пронајден мртов во неговата родна Кенија.
Според полицијата, како што пренесува „France24.com“, Киплагат бил пронајден во автомобил со убодна рана во вратот.
Се уште не е потврдено, но се верува дека бил нападнат и избоден до смрт.
Киплагат е Кениец по раѓање, но ја претставуваше Уганда на 3.000 метри стиплчез. Настапи на неколку Олимписки игри и Светски првенства.
„Започната е истрага, а полициските службеници се на терен и го истражуваат случајот “, рече полицискиот командант на Елдорет, Стивен Окал.