Легендарниот Невил брутален кон неговиот Јунајтед поради одлуката за Антони

3666

Манчестер Јунајтед синоќа доживеа нов пораз во Премиер-лигата, овојпат беше поразен на гостувањето кај Нотингем Форест со 2-1.

Ова беше уште едно тешко попладне за Антони кој ја напушти играта на почетокот на вториот дел, поточно во 53. минута.  Ова значеше дека тој ќе ја заврши 2023 година со 33 настапи во Премиер лигата и само еден постигнат гол.

Гери Невил ги обвини сопствениците на Манчестер Јунајтед за сето она што му се случува на овој фудбалер. Тој смета дека Антони е преплатен и тоа е најголемата причина зошто не игра добро. Дека цената е товар.

Бразилецот чинеше околу 100 милиони евра во летото 2022 година, но е под постојани критики откако пристигна во клубот.

„Неговата цена се издвојува. Тој беше платен 100 милиони евра. Тој очигледно не е ни блиску до нивото на играч кој чини толку. Но, има многу работи кои се направени и кои можете да ги погледнете од повеќе агли. Што се случи со луѓето кои доведоа играчи, некој отиде и заклучи дека вреди 100 милиони евра“, изјави Невил.

Тој не застана тука, туку реши да додаде уште една реченица.

„Тие му дозволија на Тен Хејг да ги „зезне“. Загрижувачки е затоа што мора да имате сопственици кои не го прават тоа така“, заврши Невил.

ПретходноНа Ѓоковиќ му беше поставено незгодно прашање, но снаодливо успеа да се извлече!
СледноЛука Дончиќ „наседна“ на финтата на Стеф Кари (ВИДЕО)