Лука Дончиќ одигра неверојатна партија во победата на Далас Маверикс против Голден Стејт Вориорс (132:122), но на самиот крај од натпреварот Словенецот наседна на финатата на Стеф Кари.
Во еден напад топката беше кај Кари, кој играчите на Далас се обидоа да го удвојат, а на крајот токму Дончиќ остана сам на играчот на Голден Стејт, по што Кари направи магија.
Кошаркарот на домашната екипа со одлична финта го испрати Словенецот во погрешна насока, а потоа погоди и одлична тројка на радост на навивачите во салата во Сан Франциско.
Steph Curry had Luka Doncic on SKATES 😱
— ClutchPoints (@ClutchPoints) December 31, 2023