Освои тројна круна со Сити, сега е топ-стрелец во Челзи, ама не знае да свари јајце, ниту да вклучи машина за перење!

2759

Оваа 2023 година се покажа како многу успешна година за едно младо фудбалско име во Премиерлигата – Кол Палмер. Во првата половина од 2023 година, 22-годишниот Англичанец ја освои тројната круна со Манчестер Сити, а на лето се пресели во Челзи, каде стана убедливо најдобриот фудбалер.

На 16 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Палмер има 8 гола и 4 асистенции и беше директно вклучен во повеќе од една третина од акциите кои ги донесоа сите голови за Челзи во првенството.

Од играчите до 22 години, само Џуд Белингем има постигнато повеќе голови во врвните лиги. Сепак, надвор од теренот, младиот Палмер не е толку добар. ВО едно од новогодишните интервјуа за англиските медиуми, тој призна дека не знае да користи машина за перење, а уште помалку да готви.

„Живеев во хотел неколку недели, а потоа се преселив и изнајмив свое место. Тоа беше ново и тешко за мене. Не знам многу работи за да живеам сам, ама учам. Не знам ништо за готвење, па дури и да користам машина за перење. Дома мајка ми ми ја переше облеката. Тато дојде во првите неколку дена за да ги подготви работите за станот, но тие сè уште се во Манчестер. Челзи ми ангажираше готвач, бидејќи ќе умрев за јадење (се смее). Лондон е различен од Манчестер по тоа колку е голем, а надвор од теренот ми е потешко да ги правам работите сам“, призна Палмер.

Со 8 гола Палмер ја завршува годината како најдобар стрелец во дресот на Челзи. Близу до него е само Николас Џексон кој остигна еден гол помалку.

ПретходноСветски шампион осомничен за убиство на сопругата
СледноГодините не се пречка: Кои се најстарите активни фудбалери во Европа?