Кошаркарите на Бостон го совладаа Сан Антонио на гостински терен со 101:136 за 26. триумф во НБА сезоната. Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси до шестата последователна победа со 25 поени, шест скока и две асистенции, а зад него беше Џејлин Браун со поен помалку.
Кристапс Порзинг придонесе со 14 поени и девет скока, додека Дерик Вајт постигна 17 поени за својот поранешен тим. Бостон го заврши последниот месец од 2023 година со рекорд од 12-2.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс загубија од Њу Орлеанс Пеликанс со 129:109. Леброн Џејмс мечот го заврши со 34 поени (12/24 голови од поле), осум асистенции и пет скока.
Антони Дејвис оствари „дабл-дабл“ со 20 поени и 10 скока, додека Остин Ривс беше на прагот на ист ефект со 20 поени и девет асистенции.
НБА Резултати:
Вашингтон – Атланта 126:130
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 129:109
Оклахома – Бруклин 124:108
Сан Антонио – Бостон 101:134
Мемфис – Сакраменто 92:123
Феникс – Орландо 112:107










