Тоа не го сторија за Марадона, но ќе го сторат за Лео Меси. Имено Аргентинците имаат намера откако ќе се пензионира, веројатно најдобриот фудбалер во светот, да го “пензионираат“ или повлечат дресот со бр.10 на актуелниот светски првак.
Ова го потврди претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Клаудио Тапиа:
„Кога Лео ќе се збогува од репрезентацијата никој веќе нема да го носи дресот со бр.10. Тоа е најмалку што можеме да го направиме за него“ посочи Тапиа.
Да потсетиме дека во 1978 кога Аргентија првпат стана светски првак “десетката“ ја носеше Марио Кемпес. По него во 1986, кога “гаучосите“ станаа шампиони на СП во Мексико, тој дрес го носеше Марадона.










