На само неколку часа пред влезот во новата 2024 година, кениската атлетичарка Беатрис Чебет постави нов светски рекорд на делницата долга пет километри на друмската трка во Барселона. Новиот најдобар светски резултат сега изнесува 14 минути и 13 секунди.
Толку време и требаше на 23-годишната атлетичарка да стигне до целта на традиционалниот натпревар „Курса делс Насос“, соборувајќи го претходниот рекорд поставен од Сенбере Тефери од Етиопија и тоа за 16 секунди.
На крајот на успешната сезона, Чебет постави и рекорд во мешани трки, бидејќи беше шест секунди побрза од времето забележано од Етиопјанката Ејгајеху Таје во 2021 година на трката „Курса делс Насос“.
Во 2023 година, оваа кениска атлетичарка освои златен медал на Светското првенство во крос што се одржа во Батурст во февруари, а стана и првата светска шампионка на друмска трка на 5 километри што се одржа во Рига во октомври.
WORLD RECORD
🇰🇪’s Beatrice Chebet ends 2023 on a high note as she smashes the world record* of the 5 kilometres on the road with 14:13 at the Cursa dels Nassos in Barcelona 😮💨
*Subject to the usual ratification procedures pic.twitter.com/DjsTFA3KPz
— World Athletics (@WorldAthletics) December 31, 2023










