Бостон го прегази Сан Антонио, Лејкерси загубија од Пеликанс

111

Кошаркарите на Бостон го совладаа Сан Антонио на гостински терен со 101:136 за 26. триумф во НБА сезоната. Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси до шестата последователна победа со 25 поени, шест скока и две асистенции, а зад него беше Џејлин Браун со поен помалку.

Кристапс Порзинг придонесе со 14 поени и девет скока, додека Дерик Вајт постигна 17 поени за својот поранешен тим. Бостон го заврши последниот месец од 2023 година со рекорд од 12-2.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс загубија од Њу Орлеанс Пеликанс со 129:109. Леброн Џејмс мечот го заврши со 34 поени (12/24 голови од поле), осум асистенции и пет скока.

Антони Дејвис оствари „дабл-дабл“ со 20 поени и 10 скока, додека Остин Ривс беше на прагот на ист ефект со 20 поени и девет асистенции.

НБА Резултати:

Вашингтон – Атланта 126:130

Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 129:109

Оклахома – Бруклин 124:108

Сан Антонио – Бостон 101:134

Мемфис – Сакраменто 92:123

Феникс – Орландо 112:107

ПретходноРедакцијата на „СпортСпорт“ ви посакува Среќна Нова 2024 година!
СледноИнтервју со Благоја Милевски: Верувам во оваа генерација, не ме засегаат коментарите на социјалните мрежи, црна дамка е мечот во Манчестер!