Фантастично Бојан Миовски ја започна новата 2024 година, и тоа со гол и асистенција за својот Абердин. Нашиот репрезентативен напаѓач е првиот Македонец кој имаше настап во Новата година и веднап ги искажа сите свои екстра квалитети.
Попладнево на гостувањето кај Рос Канунти, Македонецот прво во 24.минута со асистенција му помогна на својот тим да дојде до 0:1, за да одличната игра ја круниса со гол, нешто што и тоа како добро го знае да го прави, во таа 80.минута за 0:3, кој е негов деветти во сезоната во елитата лига на Шкотска.
Bojan Miovski pic.twitter.com/9bC0O9QL8M
— Rop Ted (@roptedmin) January 2, 2024
Неколку минути подоцна Бојан го напушти теренот, немаше потреба веќе да игра кога беше се готово.