Бешикташ сезонава минува низ турбулентен период. По првиот дел од сезоната тимот го предводеа двајца тренери, а во новата година на клупата седнува трет. По отказот на Шенол Ѓунеш во октомври екипата ја презема Бурак Јилмаз но и тој не успеа да ја стабилизира. Раководството го тргна од позицијата, а нов тренер ќе биде холандскиот стратег Џовани ван Бронхорст.
Тој ќе потпише еден и пол годишен договор и ќе заработи 1,3 милиони евра.
Поранешниот репрезентативец работеше во Феенорд од 2015 до 2019 година и во тој период ја освои титулата, плус два национални Купа. Со Ренџерс го освои Купот на Шкотска и играше финале на Лига Европа.