Можеби се празници, пауза и се изгледа така тивко, но во ФК Вардар немаат време за паузи и одмори затоа што клубот во „5 до 12“, го доби средствата од Град Скопје, договори нов тренер во името на Горазд Михајлов и во 2024 година „црвено-црната“ фамилија влегува со насмевки, надеж и голем оптимизам.
Опстанокот во елитата е примарна цел и затоа во текот на паузава промените во клубот треба да донесат нови ветришта.
Во петокот Горазд Михалов беше промовиран за нов шеф на струката по заминувањето на Алексадрар Васоски во Силекс. Тој момент беше само техничка потврда на најавите иако претходно управата и новиот тренер ја правеле листата на играчи кои треба да си одат, но од новиот шеф е добиена листа на играчи кои се посакувани во Вардар и со кои клубот треба да преговара.
Како што дознаваме во фокусот се 4-5 искусни фудалери кои имаат добар минат труд во домашнио шампионат. Преговорите имаат потешкотии затоа што во јануари нема слободмни играчи и сите се врзани со договори. Се бараат играчи на сите позиции. Според планот Вардар на 10 јануари ќе стартува со подготовките а барем засега има најави за лет до Анталија каде екипата треба да ги финишира подготовките пред стартот на втората полусеозна и дуело со Гостивар на 18 февруари.