Милан преку Каљари до четвртфинале на Купот на Италија

209

Милан е четвртфиналист во Купот на Италија откако вечерва без поголеми проблеми со победи Каљари со 4:1 на својот „Сан Сиро“. Милан настапи со млад тим, на левата бековска позиција дебитираше 18-годишниот шпански интернационалец Алекс Хименез додека дел од поискусните беа на клупата.
Лука Јовиќ се најде во нападот и тој ги постигна првите два гола за „росонерите“ на овој меч, едниот во 29 минута другиот во 42 минута.
Во 50.минута на 3:0 зголеми Чака Траоре, во финишот Каљари намали преку Ази, а во наредната акција Рафаел Леао ги постави конечните 4:1.
За Милан втор меч по ред настапи играчот за врска, 18-годишниот Кевин Зероли, втор меч сезонава запиша и 18-годишниот бек Давиде Бартесањи. Прв пат цел меч одигра младиот српски интернационалец Јан Карло Симиќ.
Милан во следната фаза ќе го чека подобриот од дуелот Аталанта-Сасуоло.

ПретходноПо Евертон на удар и Нотингем Форест поради прекршување на ФФП
СледноТандерс го совладаа најдобриот тим во лигата, Јута по 15 години има играч со трипл-дабл