Новак Ѓоковиќ минатата година имаше доста конфликт со публиката. Српскиот тенисер овој пат се закани дека ќе го напушти теренот и се расправаше со судијата за време на мечот против Јижни Лехачка во рамките на Јунајтед Купот во Перт.
На најдобриот тенисер во светот му засметаа рефлекторите, тој побара истите да бидат згаснат бидејќи надвор беше ден. Тој имаше разговор со супервизорот, а по кратка дискусија тој продолжи со мечот, првиот сет го доби со 6-1. Сепак противникот се врати во вториот со 7-6, а Ѓоковиќ и покрај проблемот со повредата на раката на крајот славеше во третиот сет.
Djokovic receiving treatment on his right wrist.
MTO between sets. pic.twitter.com/JYoLgmaPzH
— José Morgado (@josemorgado) January 2, 2024