Ете, така прават големите шампиони, големи спортисти, тие што се нај, нај. А тоа секако дека е Новак Ѓоковиќ кој се подготвува за настапот на АО во Мелбурн. Таму во Австралија е и Рафаел Надал, кој утринава по речиси една година се врати на тениските терени и тоа со моќно издание, со победа.
Иако Рафа ќе му биде голем ривал на претстојниот гренслем во Мелбурн, Новак на социјалните мрежи го поздрави враќањето на големиот ривал со порака:
“Добредојде назад“.