Хасан Салихамиџиќ: “На 15 години имав калашњиков под кревет!“

2274

Хасан Салихамиџиќ е вистинска легенда на Баерн Минхен. До пред извесно време тој во “баварците“ беше и спортски директор, задолжен за трансферите на овој гигант.

Познато е дека роден во БиХ, но сепак во едно свое интервју тој ја шокираше јавноста кога се присети на се она што му се случуваше како мал за време на војната во таа земја.

Роден сум во Мостар. Имав безгрижно детство. Мојот татко беше полицаец а мајка ми учителка, а јас сакав да бидам фудбалер. Некогашна Југославија беше држава која функционираше. И тогаш дојде војната, за мене неочекувано. На 10 км од мојата куќа беше воена зона. После два месеци мојот татко ми рече дека имаме пиштоли и калашњиков дома, да ги земам и видам што има на околните улици. Ќе се сложите дека кога имаш 15 години, а под кревет имаш калашњиков, тоа секако дека не е нормално. За моја среќа подоцна се најдов во Германија, а потоа се е и историја“ посочи Салихамиџиќ.

Претходно“Мегваер е пример кој останатите фудбалери би требало да го следат“!
СледноОсум дена до стартот на ЕП 2024: Ракометарите во „турбо“ ритам (ФОТО)