До 15 јануари Килијан Мбапе има рок да одговори на „ултиматумот“ на Флорентино Перез за тоа дали во јуни доаѓа на “Сантијаго Бернабеу“ или не. Во спротивно, тој засекогаш ќе си ја затвори вратата која води кон “кралевите“.
Денеска на оваа тема беше запрашан и Карло Анчелоти, стратегот на Реал Мадрид кој и дефинитивно и во наредната сезона ќе седи на клупата на “кралевите“.
Дали Килијан Мбапе во јуни ќе дојде во Реал Мадрид? Ова беше прашањето на кое Дон Карло имаше само кус одговор:
“Нема да одговорам на тоа прашање“.