Кога Клоп ја бараше бурмата на “Енфилд“! (ВИДЕО)

402

Од преголема радост по победата на неговиот тим од 4:2 против Њукасл, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се најде во проблеми. Имено тој ја загуби бурмата или венчалниот прстен на теренот на “Енфилд“ и веднаш почна да ја бара. На некого тоа му изгледаше смешно, но не и на Германецот.

За негова среќа со помош на снимателот сепак ја најде.

Беше тоа шок за мене, за среќа сепак ја пронајдов. Досега само еднаш сум ја загубил и тоа во море, па мораше нуркач да ја бара и ја најде. Сега беше полесно“ истакна Клоп.

ПретходноЕлмас со Лајпциг отпатува за Ла Манга! (ФОТО)
СледноЃоковиќ „урлаше“ на Иванишевиќ (ВИДЕО)