“Мегваер е пример кој останатите фудбалери би требало да го следат“!

739

Леонардо Бонучи, екс репрезентативецот на Италија, некогашен член на Јуве и Милан, кој сега е пред заминување од Унион Берлин, деновиве за англискиот “Сан“ даде големо интервју. Тој се осврна и на Хари Мегваер, дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, фудбалер кој често е мета на невкусни коментари, како од фановите така и од останатите.

Мегваер за мене е пример кој останатите играчи би требало да го следат. И покрај сите напади врз него, тој и натаму игра постојано и константно за Јунајтед, но и за репрезентацијата. Тоа покажува колку Хари е ментално силен. Покажа дека е лидер и дека има карактер“ посочи Италијанецот.

ПретходноРосе: Елиф е технички надарен и сестран играч, Лајпциг доби супер засилување
СледноХасан Салихамиџиќ: “На 15 години имав калашњиков под кревет!“