Наполи си купи бек од Салернитана

208

Наполи се договорил со Салернитана за трансфер на 28-годишниот бек Пасквал Мацоки на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Според информациите на „Скај Спорт Италија“ Наполи за неговите услуги ќе плати 3 милиони евра, а фудбалерот ќе потпише три и пол годишен договор.
Мацоки може да игра како централен бек и како десно крило. Инаку тој е роден во Неапол, но младинската кариера ја почнува во Беневенто и Верона, а како професионалец почнува во Пјаченца, потоа Римини, па Парма, Перуџа, Венеција и од 2022 година е во Салернитана.
Тој дебитираше за Италија минатата година во победата над Унгарија со 2:0.

Што се однесува до Наполи, тие веќе го договорија Лазар Самарџиќ од Удинезе кој ќе го засили средниот ред, а преговараат со Спарта Прага за централниот бек Мартин Витик.

ПретходноСосиедад се спаси од пораз со гол во 96 минута
СледноБонучи: Сити за мене нудеше 100 милиони фунти, но јас го следев срцето