Неверојатно: Панатинаикос би можел да му понуди 7 милиони евра по сезона на Таварес!

344

Како што стојат сега работите, веројатно Валтер Таварес ја игра последната сезона во дресот на Реал Мадрид. Кошаркарот кој се смета за најдобар во Евролигата, сеуште нема понуда од “кралевите“ за продолжување на истиот. Па така според сите шпекуалции, тој во јуни е слободен играч, а за него уште сега се води битка меѓу клубови од НБА, но од Евролигата, за неговиот потпис. Се напоменува дека барањата на неговиот менаџер се околу 7 милиони евра по сезона, нешто што досега е навистина фантастично за Европа. Во НБА не е проблем да ги добие тие пари, ама се знае дека од тие нето ќе му останат околу 3,5 милиони.

По се ова во “игра“ би можел да влезе Панатинаикос, пребогатиот клуб од Грција кој е спремен да му даде понуда од 7 милиони евра по сезона, само за да го добие во јуни.

ПретходноБраво Бојан: Миовски новата 2024 ја започна со гол и асистенција! (ВИДЕО)
СледноСтоле и Рајo победнички на првиот меч во новата година